Уште две лица уапсени во рамки на истрагата за нападот во Стразбур

58

Две лица се уапсени, а трет осомничен се појави пред француски судија во рамки на истрагата за нападот извршен во Стразбур минатата недела, во кој беа убиени пет лица, соопшти париското обвинителство.

Мажот кој се појави денеска пред Судот е осомничен дека учествувал во испораката на оружјето што го користел атентаторот Шериф Шекат при нападот на 11 декември. 29-годишниот Шекат беше убиен од страна на полицијата во Стразбур во четвртокот.

Двајцата мажи кои се уапсени денеска се осомничени дека се вклучени во снабдувањето со оружјето.
Родителите на Шекат и двајца негови браќа беа испрашувани минатата недела од полицијата и потоа пуштени на слобода.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...