Уште двајца Палестинци убиени на протестот на границата помеѓу Појасот Газа и Израел

74

Израелските сили денеска убија двајца Палестинци, од кои едно дете, на традиционалните петочни протести што се одржуваат на границата помеѓу Израел и Појасот Газа.

Според палестинското Министерство за здравство загинале 12-годишно момче и 24-годишен маж, а повредени се 126 луѓе.

Израелската армија соопшти дека дејствувала во самозаштита од толпата, која фрлала гранати и експлозивни направи врз војниците.

Протестите под мото „Марш за враќање“ почнаа на 30 март и беше предвидено да траат шест недели, до 15 мај, Денот на независност на Израел, што Палестинците го нарекуваат „Накба“ (Катастрофа). Тогаш стотици илјади Палестинци ги напуштија домовите поради војната, по што е формирана еврејската држава во 1948 година.

Но, протестите продолжија и се одржуваат секој петок. Според палестински извори до 13 август во протестите загинале 168 Палестинци, а 17.259 се повредени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...