Учител на децата им рекол „нема Дедо Мраз“, па добил пакетче со отказ

266
ФОТО: EPA/ROBIN VAN LONKHUIJSEN
Учител на замена, кој им предавал на првачиња во американскиот град Њу Џерси, доби отказ откако на децата им рекол дека не постои Дедо Мраз.

Тој на учениците од „Сидер Хилс“ им рекол дека, исто така, се измислени и Велигденскиот зајак и Вилата за заби.

Окружната школска началничка Рене Ровтар потврди дека неименуваниот учител веќе не работи во тоа училиште. Таа истакна дека ја разбира важноста на „детското чудење и фантазија“, па на Твитер постави фотографија со Дедо Мраз, со порака: Јас верувам.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...