Учителка под истрага оти се маскирала во Афроамериканка

103

Меган Лулоф, учителка во прво одделение во Валкот во Ајова, САД, заедно со неколку свои колешки се под истрага на локалните власти, затоа што на забава по повод Ноќта на вештерките, таа се маскирала во црномуреста жена.

Фотографиите од петочната забава брзо се проширија на социјалните мрежи. Маската е инспирирана од филмски лик, но и покрај тоа, лавината негативни коментари и обвинувања за расизам потоа, беше неизбежна.

– Маската „црно лице“ е несоодветна во кои било прилики, за кого и да се работи. Случајот се истражува, соопшти претставник на локалната училишна инспекциска служба.

ФОТО: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...