Индија има голем проблем со пластичен отпад. Официјалните статистики наведуваат дека нејзините граѓани секојдневно произведуваат околу 26.000 тони ѓубре. Во Памохија, и во северноисточната држава Асам, мештаните одлучиле тоа ѓубре да го користат за греење во текот на острите зими во подножјето на Химелаите.
Кога пред три години тука дошле Пармита Сарма и Мазин Мукхтар и го основаче училиштето Акшар фондација, дошле до иновативна идеја родителите на децата да ја плаќаат пколарината со пластичен отпад.
Мукхтар, кој пред доаѓањето во Индија работел на помагање на загрозените семејства во САД, заедно со сопругата Сарма, дипломиран социлог, почнал да ја развива оваа идеја. Помислиле дека најдобро решение би било секое дете да донесе најмалку 25 работи секоја недела и така да го отплаќаат школувањето.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.
Фото: Pixabey