Училиште ѝ забрани на матурантка да се најде на табло поради премногу шминка

Училиштето има правилник кој забранува шминкање, но Нејра тврди дека тој ден сите дошле нашминкани на училиште.

6975

На матурантката Нејра Бајриќ од Бановиќ не ѝ дозволиле нејзината фотографија да се најде на заедничкото табло, затоа што директорката и педагогот во основното училиште „Трештеница“, сметале дека има премногу шминка на лицето.

Во потрага по правдата, 15-годишната ученичка одлучила да ја сподели својата приказна со јавноста, која ја потврдил нејзиниот татко Џевад Бајриќ, инаку долгогодишен работник во училиштето на ќерка му.

Деветто одделение Нејра завршила со одличен успех. Вели дека цели девет години ја чекала и се радувала на својата полуматура. Меѓутоа, кога дошол денот да го прослави тоа со своите училишни колеги со фотографирање за матурското пано, училиштето тоа и го оневозможило поради „премногу шминка“.

Инаку, училиштето има правилник кој забранува шминкање, но Нејра тврди дека тој ден сите дошле нашминкани на училиште.

Родителите на Нејра упатиле допис до надлежното Министерство за образование, но се уште не добиле одговор. Фотографот тврдел дека и фотографијата на Нејла треба да се најде на заедничкото пано. но директорката не дозволила.

– Јас сум како и стотина други полуматуранти од овој регион, но постои голема разлика меѓу мене и нив. Сите тие матуранти се некаде на паното со своите врсници и наставници, но не и јас. Ако некој запаметил ваков случај на понижување и дискриминација на едно дете нека каже. Јас сум обележена, јас сум понижена, јас сум жигосано и истрауматизирано дете и не знам дали некогаш ќе бидам како порано. Мене ми се скршени крилјата пред да полетам во животот. Дали е тоа правилно, предагошки, човечки,  се прашува Бајриќ.
Како и другите матуранти својата фотографија ја објавила на Фејсбук, но не за популарност и лајкови, туку за молба за помош да пронајде правда.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...