Училишта во кои децата сами одлучуваат што, како и кога ќе учат

Ако си дете, оваа идеја е фантастична: да дојдеш на училиште и да правиш што сакаш! Тоа би можело да значи играње видео-игри цел ден, правење тврдини во шумата, или трошење часови на читање на книгите за Хари Потер.

119

Можете ли да замислите училиште во кое децата учат и работат исклучиво она што го сакаат? Тоа може да значи играње игри, градење дрвена куќичка, читање Хари Потер или проучување на гасеници во училишниот двор.

На страницата на Yesmagazine.org најдовме текст за слободните училишта кои на децата им го дозволуваат токму тоа – самите да го учат она што ги интересира. Овој вид на учење се нарекува „самонасочено образование“ или „самонасочено учење“ (self-directed education).

Децата во оваа метода на учење сами одлучуваат како ќе го поминат времето на училиште, а под претпоставка дека имаат природена желба за учење, љубопитност и мотивација кои најдобро доаѓаат до израз во активностите кои вистински ги интересираат.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...