Утре почнува економскиот форум во Давос

Една од најважните сесии на годинешниов форум е „Спречување на климатската апокалипса“

224

Светскиот економски форум, кој еднаш годишно се одржува во Давос, Швајцарија, почнува утре и ќе трае до 24 јануари.

Главни теми на овогодишниот собир се климатските промени и дејствување, а една од најважните сесии е „Спречување на климатската апокалипса“.

На состанокот ќе учествуваат некои од најголемите светски компании, а организаторите на Форумот од сите нив ќе побараат да се обврзат на постигнување на нето-нулта емисија на јаглерод до 2050 година или порано.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...