Утре истекува рокот за барање за субвенции за ориз, градинарски и овошни култури

95

Утре истекува рокот за аплицирање за добивање финансиска поддршка на производителите на ориз и оризова арпа, на произведени и предадени градинарски и овошни култури во преработувачки капацитети, како и за производителите на органски земјоделски производи, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Пет денари по килограм ќе добијат земјоделските стопанства што имаат засеани и ожнеани површини со ориз и оствареното производство на оризова арпа да не надминува над 5,5 тони по хектар,026 од род 2018 година и истиот да го предале на регистрирани откупувачи во период од 1 октомври до 25 декември 2018 година.

Финансиска поддршка од три денари по килограм ќе може да добијат и сите земјоделци кои произвеле и предале градинарски или овошни култури од овогодинешната реколта во преработувачките капацитети.

Барањата за финансиска поддршка се поднесуваат по електронски пат во подрачните едниници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, најдоцна до 25 декември 2018 година. Во прилог на барањето се доставува Потврда за откупени земјоделски производи издадена од страна на регистрираниот преработувачки капацитет.

До утре е и рокот за поднесување барањата за добивање финансиска поддршка за органските производители за преработка на органски производи и органски производи во преод вклучително за доработка и пакување  самоникнати видови со органско потекло, за трговија или извоз на свежи и преработени органски производи и органски производи во преод од домашно потекло, за стучна контрола и сертификација и за анализа на својствата на почва и производи.

Барањата за финансиска поддршка се поднесуваат по електронски пат во подрачните едниници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, најдоцна до 25 декември 2018 година. Сите информации и потребни документи може да се најдат во Упатството за корисници и истото може да се преземе од веб страната на Агенцијата на следната адреса: www.ipardpa.gov.mk во делот „Директни плаќања 2018“, „Упатства за корисници“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...