Утре завршува рокот за мерката за финансиска поддршка од 20.000 евра за млади земјоделци

65

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги потсетува сите лица од 18 до 40 години кои сакаат да поднесат барање за добивање на финансиска поддршка преку мерката 113 „Поддршка за поттикнување на земјоделското производство“ истото може да го сторат најдоцна до утре 10 – ти март, до крај на работниот ден или документите да ги испратат по препорачана пошта.

– Оваа година финансиската поддршка е зголемена од 10.000 на 20.000 евра. Неповратната финансиска поддршка, младите луѓе ќе можат да ја искористат за зголемување на одржливоста на земјоделската дејност на нивните семејни земјоделски стопанства. Сите млади земјоделци што ќе конкурираат и ќе ги исполнат пропишаните услови, ќе добијат неповратна финансиска поддршка до 20.000 евра.

Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски информира дека:

– Барателите на оваа поддршка потребно е да креираат електронско барање со податоци за локацијата на инвестицијата и електронски да ги прикачат понудата, деловниот план за предлог инвестицијата и сите потребни документи на крај да ги испратат по пошта или да ги донесат лично во Агенцијата. Барањата и целата документација може да се најдат на веб страната на Агенцијата. Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу две барања по различни мерки земајќи ги во предвид и останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој 2020 – вели Бабовски.

Условот за користење на финансиската поддршката е, корисниците да бидат запишани во единствениот регистар на земјоделски стопанства, носителот на земјоделското стопанство да нема повеќе од 40 години на денот на поднесување на барањето за поддршка, и земјоделското стопанство да не користело помош од мерката 112 „Млади земјоделци“.

Со ваквиот критериум им се овозможува на сите оние кои не добиле финансиска помош од оваа мерка по претходниот повик, да можат сега да поднесат барања. Финансиската поддршка до 20.000 евра е наменета за млади лица кои сакаат да инвестираат во изградба, доградба и опремување на објекти за преработка од сите земјоделски гранки.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...