Утре во спомен куќата „Тодор Проески“ по петти пат ќе се одржи хуманитарната детска модна ревија со изработките на студентите од Технолошко техничкиот факултет при универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, под менторство на м-р Ванѓа Димитријева Кузманоска.
Изработките, кои ќе бидат претставени од страна на учениците од ОУ „Никола Карев“ Крушево, ќе бидат донирани на деца без родители од 6 до 9 години кои се згрижени во семејства во Крушево, додека организацијата на овој настан е со поддршка на локалната самоуправа, СОУ „Наум Наумовски Борче“ Крушево и спомен куќата на Тоше.
Во рамките на овој настан на Божиќ, 7-ми декември, во организацијата на професорката Димитријева Кузманоска истите дечиња ќе можат да бидат гости на свечен ручек и со тоа за празниците да бидат скромно удостоени.
Професорката Димитријева Кузманоска најавува дека ревијата расте од година во година и за догодина се најавени и други поддржувачи.
– Ова е петто издание на хуманитарната ревија, а за догодина најавени се и други институции кои сакаат да ја помогнат манифестацијата и доделување на подароци за децата – вели професорката од Штипскиот универзитет.