Утврден предлог-законот за заем кај Светска банка

235

Владата денеска го утврди текстот на Предлог-законот за задолжување на Македонија кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за развојни политики за јавни финансии и конкурентност, кој го доставува до Собранието за усвојување.

Целта на овој заем, како што информираат од владината прес-служба, е да се обезбедат средства за буџетска поддршка, а основното начело врз основа на кое се заснова овој предлог на Закон е обезбедување на заем за развојни политики за јавни финансии и конкурентност.

Македонија и Светската банка ќе склучат Договор за заем во износ од 125 милиони евра, кои се дел од новата Рамка за партнерство на државата со Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка договорена на 18 април за периодот 2019-2023 година во висина до 420 милиони американски долари за нови заеми во текот на следните четири и пол години на спроведување на Рамката за партнерство, во зависност од капацитетот за кредитирање на Светска банка, барањата на други заемопримачи, успешноста и приоритетите на земјата и глобалните економски настани.

Рамката за партнерство се фокусира на три меѓусебно поврзани области кои Република Северна Македонија ги има постигнато, како што се: извозно – ориентиран раст; подобрување на средината за конкурентен приватен сектор; инклузивен раст, односно проширување на вештините и можностите за најранливите категории и одржлив раст, односно подобрување на одржливоста и градење на отпорност на шокови, се наведува во соопштението од владината прес-служба.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...