УСЈЕ: Утре НВО и сите заинтересирани граѓани можат да се информираат за нашето работење

106
foto Plusinfo

Цементарница УСЈЕ АД Скопје ги повикува невладините организации и сите заинтересирани граѓани утре во 12.00 часот да ја посетат компанијата, со цел да им покаже дека работи по највисоките домашни и ЕУ стандарди и дека се грижи за заштита на животната средина.

„Во последно време сѐ повеќе е актуелна темата за употреба на алтернативните горива добиени од фракции од отпад и импликациите врз животната средина. Во услови на разбирливо голем интерес кај граѓаните за севкупната состојба со животната средина, за жал, во јавноста се појавија шпекулации и неточни информации во врска со оваа тема и нашата компанија“, се наведува во соопштението на УСЈЕ.

Од компанијата велат дека на заинтересираните граѓани кои ќе дојадат на лице место ќе им ги стави на располагање фактите за нејзиното работење по највисоките домашни и ЕУ стандарди и за грижата за животната средина во која УСЈЕ континуирано и посветено инвестира.

„Истовремено, за нас ќе биде исклучително драгоцено директно да ги чуеме ставовите на невладините и граѓански организации и да имаме можност на нив аргументирано да одговориме“, се додава во соопштението на Цементарница УСЈЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...