За пејачката Гвен Стефани често многумина зборуваат дека изгледа помладо од своите 49 години. Меѓутоа, славната пејачка со својот младешки изглед разочарала многу обожаватели. До неодамна се прашувале дали за добриот изглед на Гвен се заслужни гените или естетската хирургија. Повеќето сега сметаат дека е во прашање естетската хирургија.
Имено, пејачката објавила на Инстаграм неколку селфи фотографии од доделувањето на наградите за кантри музика „АСМ“, каде го придружувала своето момче, музичарот, Блејк Шелтон. На тој настан предизвикала поделени реакции меѓу обожавателите на таа социјална мрежа.
Косата ја врзала во коњско опавче, а наместо препознатливиот интензивно црвен кармин на усните ставила кармин во боја на кожата. Носела сребрен со светки фустан, а нејзиниот изглед многу ги шокирал обожавателите. Тие ѝ забележале зашто го напуштила својот панк-рок имиџ. Меѓу коментарите се нашле и оние во кои ѝ порачуваат да ги намали пластичните операции и да ги извади силиконите од усните.
„Која е оваа?“, „Дали се ова нови усни?“, „Зошто изгледаш како некоја кантри дива и трансвестит“, се само некои од коментарите на револтираните обожаватели.
Сметаат и дека за нејзиниот изглед е „виновен“ Блејк Шелдон.
ФОТО: Принтскрин/Инстаграм