Успешно се изведени четири кадаверични трансплантации

383

Министерот за здравство Венко Филипче, денеска учествуваше на стручната средба на тема „Улогата на медицинската сестра во процесот на трансплантација на бубрег“, во организација на Секцијата на медицински сестри и техничари по нефрологија, дијализа и трансплантација при Здружение на медицински сестри, техничари и акушерки на Македонија (ЗМСТАМ).

– Трансплантацијата на органи е исклучително благороден чин, со кој се дава шанса за живот на пациентите и оттука особено признание им одддаваме на здравствените работници кои активно учествуваат во овој процес. Меѓу персоналот кој макотрпно и посветено работи на трансплантацијата на органи се и медицинските сестри и техничари по нефрологија, дијализа и трансплантација, на кои е посветен денешниот настан – изјави министерот Филипче.

Тој рече дека Министерство за здравство континуирано го поддржува процесот на трансплантација, особено во делот на едукација на медицинскиот кадар од здравствените установи вклучени во овој процес – Клиниките за нефрологија и урологија, како и Институтот за трансфузиона медицина, со поддршка на КАРИЛ. Од почетокот на годинава веќе успешно се изведени четири кадаверични трансплантации, а во континуитет се вршат и трансплантации на бубрези од жив донор.

Исто така, минатата година успешно е извршена првата несродна трансплатација на матични хематопоетски клетки. Тоа е револуционерен чекор на јавното здравство во нашата држава, кое сега е дел од светските и европски медицински центри за лекување на најтешките болести на крвта. Во јануари годинава успешно се изведе и првата несродна трансплантација кај 13 годишно момче со апластична анемија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...