Магдалена Алексовска е втората Македонка која како самостоен вокалист има застанато на најголемата сала во Карнеги Хол – „Исак Стерн Аудиториум“ на која досега имаше настапено само Вања Лазарова.
Бијонсе, Селин Дион, Лајза Минели се само дел од имињата кои имаат настапено на сцената на Карнеги Хол како млади таленти, а овојпат на сцената во Њујорк се слушна и неверојатниот глас на нашата Магдалена Алексовска која ја остави публиката без здив и предизвика громогласен аплауз.
Магдалена се закити со третото место на овој престижен Гала Концерт на „American Protege“, што е натпревар на светско ниво.
Таа беше облечена во креација на македонската дизајнерка Mаја Десподовска.
Магдалена Алексовска пред публиката во Њујорк се претстави со “There are worse things I could do” од прекрасниот мјузикл „Брилијантин“.
ФОТО: видео