Нели ви е досадно да не излезете од таа реакционерска состојба на масата, од тие бахати шали за феминизмот и потсмевот кон постигнувањата на храбри групи и поединци кои напредокот го гледаат низ постојана борба?!
Во земја со така силен микс од национализам, авторитаризам, мачоизам, ксенофобија, анти-илуминизам, домашно насилство и приватизација на силата, религиската нетолеранција и хипокризија, нели препознавате кога некој прави нешто витално и здраво, нешто храбро и отворено за сите?!
Во време кога премиери и министри отворено бацуваат икони, вам ви се пружа можноста да љубите поискрено, поотворено од кога било.
Еманципацијата на жената е можеби најголемата револуција на минатиот век, која примитивната политика и општество мислат дека ќе ја анулираат преку бахатост, глупави шали, или исфорсирана незаинтересираност.
Ќе ви кажам што се случува, луѓето не се толку глупи, тие приметуваат, честопати лошо реагираат и не си признаваат, но успехот на самосвесните и борбени жени произведува реакција, во политиката и во општеството.
И добро е тоа, нека има борба, нека има судир, нека се расчистува маглата и конфузијата, нека луѓе се лизнуваат на сопствената ограниченост и простодушност, нека се види дека револуционерите се најчесто реакционери, има тука сила која сите ќе ве освести, или барем ќе ве засрами.
Во ова големо недоразбирање од нашево општество, борбата и понатаму постои и успева да менува глави.
(ФБ статус на авторот)