Усвоени правилниците за мерките за третиот столб од Планот за економски раст

148

Правилници со кои стартува примената на мерките за третиот столб од Планот за економски раст се усвоени на денешната седница на Владата.

Како што соопшти владината прес-служба, правилниците се однесуваат на следните чети мерки: Финансиска поддршка на мали и средни претпријатија со тенденција на брз пораст („Газели“), посебна финансиска поддршка за микро претпријатија, финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија за подобрување на иновативноста, како и за финансиска поддршка за стручно усовршување и пракса за нововработени млади лица.

Воедно, се наведува, дека истовремено, Владата ќе формира работна група за следење на реализацијата на мерките од третио столб од Планот за економски раст, составена од Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Фондот за иновации и технолошки развој, Министерството за економија, Стопанска комора на Македонија, Сојуз на стопански комори на Македонија и Стопанска комора на северо-западна Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...