Урсула фон дер Лајен заминува од германското министерство за одбрана

98
ФОТО: EPA / CLEMENS BILAN

Кандидатката за претседател на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска најави дека ќе поднесе оставка на фунцкијата министер за одбрана на Германија, без разлика на исходот од утрешното гласање во Европскиот парламент, а канцеларката Ангела Меркел изјави дека ја почитива нејзината одлука.

– Утре ќе побарам доверба од Европскиот парламент. Без разлика на исходот од гласањето, во среда ќе се повлечам од местото министер за одбрана, за со сета сила да и служам на Европа, напиша Фон дер Лајен на Твитер.

Меркел кажа дека е јасно дека Фон дер Лајен ја донела одлуката за новата фаза од својот живот и дека таа тоа ќе го почитува.

Канцеларката додаде дека останува да се види и како ќе заврши очекуваното тесно изјаснување во Европскиот парламент, но и тоа кој ќе биде нов германски министер за одбрана.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...