Ураганот Флоренс, кој се доближува до источниот брег на САД, ослабна до ураган од втора категорија според скалата на Сафир-Симпсон одс пет степени, соопшти Националниот центар за следење на урагани.
Тој се наоѓа на 520 километри источно-југоисточно од летувалиштето Мартл бич во Јужна Каролина со максимална брзина на ветрови од 175 километри начас.
Невремето се движи кон северозапад со брзина од 28 километри на час, соопшти Центарот, а властите во Јужна и Северна Каролина затворија неколку пристаништата.
Американскиот претседател Доналд Трамп повтори дека безбедноста на американските граѓани му е на прво место.
– Не жалиме за трошоците. Ние сме целосно подготвени, рече Трамп и додаде дека Флоренс би можел да биде „еден од најсилните урагани кои некогаш го погодиле источниот брег“.
Според американската Национална метеоролошка служба, повеќе од десет милиони жители во три американски држави се предупредени на опасноста од ураганот Флоренс.
Police in Myrtle Beach, South Carolina drive the streets announcing mandatory evacuation as Hurricane #Florence bears down on the state. https://t.co/zTmTr8JAjt pic.twitter.com/UcVhDTFLwD
— ABC News (@ABC) September 13, 2018
Monstrous Hurricane #Florence seen churning toward the southeastern U.S. from the International Space Station: https://t.co/45SvNZYXaF pic.twitter.com/lNPGmjdesS
— ABC News (@ABC) September 13, 2018
ФОТО: Твитер од ИСИС