Ураганот Мајкл веќе е трета категорија од можни пет според скалата Сафир-Симпсон, соопшти Националниот центар за урагани на САД.
Се очекува Мајкл денеска подоцна да стигне до државата Флорида, но и да се доближи до четврта категорија.
Во моментов Мајкл е околу 375 километри југоисточно од Апалачикола, Флорида, а неговите ветрови се со брзина од 195 километри на час.
фото: твитер