Ураганот Лесли остави 300.000 домаќинства без електрична енергија ВИДЕО

110

Ураганот Лесли, кој удри на Португалија, остави 300.000 домаќинства без електрична енергија во земјата, јави Би- Би- Си.

Силата на ветерот достигна 176 километри на час.

Претставниците на Одделот за цивилна заштита регистрираа 27 повредени, околу стотина искорнати дрвја, додека многу летови беа одложени.

Станува збор за најсилната бура што некогаш ја погодила таа земја, а во овој момент ги зафати северните делови на Шпанија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...