Управа на хотелот Хилтон во Белград: Хотелот работи, гостите се безбедни

170

Сите гости се безбедни и хотелот продолжува непречено да работи, соопшти вечерва управата на белградскиот хотел Хилтон по пожар поради кој беше евакуирана зградата попладнево.

Во соопштението се прецизира дека мал пожар избил во трафостаницата во гаражата, поради што биле евакуирани гостите од хотелот.

Во хотелот беа активирани пожарните аларми околу 18 часот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...