Уписи во „Театар за сите“

126
20130531 Friday 1111 Skopje teatar otvaranje SK14 nikola gruevski

До 30 јануари траат уписите за часови по театарска уметност во „Театар за сите“, кои се за возрасни и за млади постари од 15 години. Програмата ќе почне на 3 февруари и ќе трае три месеци.

Програмата е поделена на две нивоа: почетно и напредно.  Часовите се одржуваат двапати неделно во различни термини/групи во просториите на Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ во Скопје. Програмите почнуваат двапати во годината –  во февруари и во септември.

– Научете како се прави и гледа театарска претстава, кои се разликите помеѓу актерството и режијата… Двапати неделно по 60 минути во една од групите по ваш избор: понеделник и среда или вторник и четврток, соопшти „Театар за сите“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...