Грчкиот пратеник од ултра-десничарската партија „Златна зора“ Констанинос Барбарусис е уапсен по повикот за воен удар за време на дебатата во грчкиот парламент за доверба на владата на Ципрас.
Тој бил уапсен по наредба на државното Обвинителство поради говорот во Собранието.
– Почна распарчувањето на Грција. Затоа што раководството на земјата не носи закони во интерес на нацијата, туку за свои сопствени интереси, го повикувам воениот врв во земјата да ја почитуваат заклетвата која ја имаат дадено и да го уапсат премиерот Ципрас, министерот за одбрана Каменос и претседателот на државата Павлопулос, за да се спречи ова предавство – рече Барбарусис.
Партијата „Златна зора“ ги осуди коментарите на нивниот пратеник и го исклучи од партијата. Исто така, на Златна зора и е забрането да учествува во продолжението на собраниската дебата.