Уништени 60.809 килограми небезбедна храна од животинско потекло 

138

Уништени се 60.809 килограми небезбедна храна од животинско потекло (месо, производи од месо и од млеко, риби, мед и јајца) од почетокот на годинава до крајот на минатиот месец. Од тие количини, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во рамки на планираните официјални контроли и вонредните инспекциски надзори поништиле 17.141 килограми небезбедна храна, соопшти денеска АХВ.

Поголем дел, или 43.668 килограми небезбедна храна, уништиле оператори врз основа на воспоставени внатрешни контролни системи за безбедност на храната – (HACCP). Од уништената небезбедна храна од вкупно уништените количини, 59.298 килограми се од домашно производство, а остатокот од увоз.

– Врз основа на законските надлежности и воспоставениот интегриран систем на контрола, Агенцијата за храна и ветеринарство врши постојан надзор над операторите со храна во поглед на исполнување на општите и посебните услови за безбедност на храната и за заштита на правата на потрошувачите, наведуваат од АХВ.

Недоследности во поглед на безбедноста на храната граѓаните може да пријават во Агенцијата за храна и ветеринарство на бесплатната телефонска линија за потрошувачите 0800 3 22 22, лично, или електронски на info@fva.gov.mk.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...