Уништени речиси сите експонати при големиот пожар во Националниот музеј на Бразил

Метеорити, кои се отпорни на високи температури, се единствените меѓу 20-те милиони експонати, што го преживеаа пожарот.

61

Огромниот пожар, кој избувна во Националниот музеј на Бразил во неделата, ја уништи целата збирка бесценети експонати, јавија локални медиуми.

– Се е готово – рече експертот Марко Аурелио Калдас, еден од ретките лица, кои влегоа во изгорена зграда.

Метеорити, кои се отпорни на високи температури, се единствените меѓу 20-те милиони експонати, што го преживеаа пожарот.

Според проценките на заменик-директорот на Националниот музеј Кристиана Сережо само 10 проценти од експонатите преживеале.

Националниот музеј на Бразил е сместен во зградата од 1892 година.

– Двесте години работа, истражување и познавање се изгубени, тажен ден за сите Бразилци – напиша претседателот Мишел Темер на Твитер.

ФОТО: EPA-EFE/MARCELO SAYAO

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...