УНИТ преговара за нови измени на Законот за стечјаци

Георгиевска нагласи дека се преговара и за обештетување на оние кои работеле до 1993-та година, а не како што беше досега до 1995-та година.

130

Здружението на стечајни работници- УНИТ очекува да бидат опфатени дополнителен број стечајци со измените и дополнувањата на законот за стечајци. Од здружението велат дека разговарале со Министерството за труд и социјална политика за можни измени и дополни.

-Со дополнувањето се очекува да се зголеми возраста кај стечајците и да изнесува 57 години за жени и 59 за мажи, со минимум 15 години стаж во фирма во државна сопственост и пет години лицата да не се вработени – изјави претседателката на УНИТ Лилјана Георгиевска.

Таа додаде дека имало реакции од чевларските и текстилните фирми дека дел од нивните вработени, а воедно и членови на УНИТ, кои ги исполнуваа условите се откажуваа од работата.

Преку овие измени ќе се излезе во пресрет и на лицата кои веќе не се способни да работат, но и на овие фирми.

Георгиевска нагласи дека се преговара и за обештетување на оние кои работеле до 1993-та година, а не како што беше досега до 1995-та година.

Со новите измени, од УНИТ очекуваат и со дополнувањето да се опфатат и стечајците од фирмите кои што досега не беа опфатени поради матичните броеви на нивните фирми, на ниво на Куманово, стечајците од ЗИК, Кожара и други фирми.

На ниво на Македонија досега со законот се опфатени околу 10.000 стечајци, а на ниво на Куманово околу 800. Со имените и дополните се очекува таа бројка да се зголеми

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...