Вкупно осум компании се лиценцирани за снабдувачи на електрична енергија и се во конкуренција за избор од малите потрошувачи и домаќинствата. Во декември годинава ќе се знае кој ќе биде универзален снабдувач со струја, а малите бизниси и домаќинствата нема да треба да поднесуваат извештаи за порамнување зашто за нив тоа ќе ја прават снабдувачите.
Ова го изјави денеска директорот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Билслимоски пред подготвителната седница на Комисијата за подготовка на Правилникот за балансирање на електирчната енергија која се одржа во Стопанската комора.
– Целта е да создадеме транспарентен систем на снабдување со електрична енергија и конкурентен балансиран пазар во кој ќе има поголем број на учесници и балансни групи. Договори за снабдување потпишаа осум компании и тие, според предложениот Правилник за балансирање на електричната енергија ќе ја имаат балансната одговорност, односно ќе се грижат за порамнување на потрошувачката меѓу потрошувачите мали компании потрошувачи на струја и домаќинствата – рече Бислимоски.
Правилникот за балансирање на електрична енергија, вели тој треба да го определи начинот на пресметка и постапување со балансните групи.
Борко Алексоски од МЕПСО посочи дека Правилникот за балансирање на електричната енергија е правен со помош на Европската енергетска заедница.
Бислимовски рече и дека земјава е на врвот во регионот по либерализација на пзарот на електрична енергија на кој од јануари идната година ќе се вклучат и домаќинствата.
Тој, како што рече нема информација за тоа кои компании се јавиле на тендерот за универзален снабдувач со електрична енергија, но појасни дека критериумите за избор ги направила Регулатоната комисија за енеегетика во соработка со компаниите снабдувачи со електрична енергија.
– Доколку овој тендер биде неуспешен, ќе се распише нов тендер, а ако тој не успее тогаш владата ќе треба да побара мислење од Регулаторната комисија како да постапи натаму- рече Бислимоски.
Во периодот додека не се избере нов универзален снабдувач на електрична енергија, појасни тој, домаќинствата ќе ги снабдува ЕВН.