УНЕСКО со нова интернет-страница „Факти за холокаустот“

67

УНЕСКО, во соработка со Светскиот еврејски конгрес, денеска отвори нова интернет-страница со факти за Холокаустот, чија цел е да се осуетат обидите за негирање на прогонот над Евреите и ширење на антисемитизмот.

Генералната директорка на агенцијата на ОН за култура Одри Азуле и претседателот на Светскиот еврејски конгрес Роналд Лаудер денеска свечено го отворија интерактивниот сајт „Факти за Холокаустот“ во седиштето на УНЕСКО.

На таа интернет-страница може да се најдат историски информации за Холокаустот, вклучувајќи сведочења на преживеаните. Покрај тоа, страницата е поврзана со онлајн енциклопедијата на американскиот музеј, посветен на Холокаустот.

Веб-страницата е отворена пет месеци откако УНЕСКО ги објави првите едукативни насоки на ОН во борбата против антисемитизмот, а потребата доаѓа поради „растечката омраза и дезинформации на интернет“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...