Унгарска вечер ќе се одржи утревечер, од 20.30 часот на просторот околу Градскиот саат во Прилеп, на која ќе настапат оркестарот „Фокош“ и фолклорната група „Селенце“.
Настанот го реализира прилепскиот Центар за култура „Марко Цепенков“ во соработка со Здружението на Унгарци „Телехаз“ и Амбасадата на Унгарија во Република Македонија.
Оркестарот и фолклорната група потекнуваат од Бечеј, Војводина. Имаат настапувано во повеќе земји и се добитници на бројни награди.