Унгарија, Бугарија и Србија ќе градат гасен систем за поврзување со „Турски поток“

323

Унгарија постигна договор со Бугарија и Србија за изградба на систем за пренос на гас, кој би се надоврзал на втората траса од гасоводот „Турски поток“, соопшти денеска унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто.

– Унгарија е заинтересирана за дистрибуција на гас од „Турски поток“ по изградбата на неговата втора траса – изјави Сијарто во Москва по средбата со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Сијарто истакна дека Унгарија апелира до ЕУ да не прави пречки за изградбата на „Турскиот поток“.

– Западна Европа може да купува гас од северната рута. Ние од Централна Европа сакаме иста таква можност. Сакаме Западна Европа и Брисел да не ставаат пречки, со цел да имаме можност да добиваме гас и од југ – изјави Сијарто, најавувајќи дека во 2020 година Унгарија ќе купи над четири милиони кубни метри гас од Русија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...