Уметност со порака

Од синоќа (19.10) до 24.октомври, во Монтажната галерија која е поставена во Паркот на Франкофонијата во Скопје може да се види проектот „Градот“ на младите креативци од Катедрата по графика, под менторство на проф. д-р Славица Јанешлиева-Бачварска.

262

„Градот“ е уникатно визуелно дело, резултат на заедничката работа на група од 12 студенти од Катедрата по графика, на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје.

Младите креативци своите доживувања и асоцијации за градот, ги прикажуваат прееку цртеж, кој потоа е транспониран во графика преку техниката сито печат. Освен на хратија, графиките се испечатени и на маици во лимитиран тираж.

Секој од дванаесетте учесници, студенти на 3.година на Катедрата по графика во класата на проф.Славица Јанешлиева-Бочварска, се претставени со по една маица на која е испечатена нивната порака и креација.

Маицата - дело на Јана Русевска, ја содржи нејзината порака, критичкото видување на нејзиниот роден град
Маицата – дело на Јана Русевска, ја содржи нејзината порака, критичкото видување на нејзиниот роден град

Соочувањето на младите уметници со можноста за јавно изнесување на нивните ставови и размислувања, како и неконвенционалното изложување на нивните дела во Мобилна/Монтажна галерија која се наоѓа во јадрото на градот на кој му е и посветен овој проект, соодветствува со целите на вон-наставните истражувачки и уметнички проекти на Факултетот.

Маиците-дела со нивните пораки и размислувања на Анџела Соколовска, Дејвид Стоилковски и Ивана Христовска
Маиците-дела со нивните пораки и размислувања на Анџела Соколовска, Дејвид Стоилковски и Ивана Христовска

Проектот „Градот“ е осмислен и реализиран под менторство на проф.Славица Јанешлиева-Бочварска, стручна помош од проф. Ладислав Цветковски и експертот за сито-печат Душко Стојановски.

Учесници/автори во овој проект се: Аврамовски Иван, Блажева Леона, Иванова Петранка, Камчев Мартин, Мусли Бурџиу, Николовски Стефан, Русевска Јана, Секулоска Ивана, Симовска Христина, Соколовска Анџела, Стоилковски Дејвид, Христовска Ивана.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...