Во периодот од 5 до 9 ноември кореографот и професор на Факултетот за музичка уметност Искра Шукарова ќе престојува во Берлин како дел од проектот Пасаж 23“Е инициран од страна на ИТИ Германскиот центар на Интернационалниот театарски институт (www.iti-germany.de). Целта на овој проект е продлабочување на соработката помеѓу земји од Источна Европа и Германија. Престојот е подржан од Министерство за култура на Република Македонија
За време на резиденцијата Шукарова ќе биде вклучена и во истражувачките активности на Mime Centrum Berlin и ќе проследува танцова програма како дел од едукативниот центар на Tanzfabrik Berlin.
Во текот на овој месец како дел од активностите на Шукарова ќе продожи програмата Номад ту Номад, дел од НВО Номад Танц Академија Македонија во која ќе гостува како предавач Чарлс Слендер од Сан Франциско. Слендер во периодот од 12 до 16 ноември ќе работи со студентите при ФМУ катедра за балетска педагогија отсек современ танц. Главната цел на програмата Номад ту Номад е да овозможи видливост на катедрата за балетска педагогија при ФМУ. Досега беа реализирани веќе неколку успешни перформанси на Шукарова со кореографи од странство како “Проект М” и “Чудна Шума”
Шукарова оваа година реализираше две важни соработки и едукативни размени со SNDO – School for New Dance Development програма за кореографија како дел од академијата за театар и танц при универзитетот за уметност во Амстерадм, како и со Дерида танцов центар во Софија кои се од особена важност за понатамошното градење на танцовата едукација и формирање на нови кадри како иден потенцијал на нашата современа танцова сцена.