Најмалку 48 луѓе се повредени, а околу 350 куќи се оштетени при земјотресот со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала, што денеска го погоди индонезискиот остров Суматра, јави германската новинска агенција ДПА.
Епицентарот на земјотресот бил на 38 километри североисточно од Пасаман, на длабочина од 10 километри.
Најпогоден од земјотресот е округот Јужен Солок во провинцијата Западна Суматра, каде се оштетени училишта и болници.