Град Скопје месецов интензивно прекопува и асфалтира улици низ центарот, ама зад себа освен нов асфалт остава и многу прашина и отпадоци од асфалтот.
На неколку места на улицата 11 Октомври во центарот на Скопје има такви примери. Тротоарите се полни со прашина и со крупни грутки од неодамна употребениот материјал за асфалтирање. На оваа улица изгледа сѐ уште не поминале цистерните кои ги чистат улиците со вода, како ни метлачите.