Украинскиот суд го осуди на два месеци затвор рускиот новинар и главeн уредник на РИА Новости во Украина, Кирил Вишински за „државно велепредавство“.
Вишински беше уапсен во вторникот од Службата за безбедност на Украина по претресот во дописништвото на РИА Новости во Украина. Претрес беше извршен и во просториите на медиумот и на домовите на новинарите на „Русија севодња“ во Киев, Људмила Лисенка и Андреј Бородин.
Министерство за надворешни работи на Русија вчера упати две протестни ноти до Украина, поради односот на украинските власти кон руски новинари во земјата.
Коментирајќи ги случувњата со руските новинари во Украина, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека Москва ќе преземе итни реципрочни мерки, но дека работата на украинските медиуми во Русија нема да биде доведена во прашање.