Украинската полиција ги претресуваше домовите на руските свештеници

120

Украинската полиција спроведе претреси во домовите на неколку свештеници на Руската православна црква во повеќе украински градови.

Полицијата информира дека извршени се претреси на осум локации во Киев и регионот Житомир, во рамки на истрагата за ширење омраза и поттикнување насилство.

Според РПЦ, повеќе од 20 нејзините свештеници, исто така, биле повикани на разговор во просториите на Украинската служба за безбедност.

Украинскиот претседател Петро Порошенко вчера изјави дека православните верници ќе можат да одлучат дали ќе се приклучат кон автокефалната Украинска православна црква по нејзиното основање.

– Државата го гарантира уставното право на слобода на вероисповед, вклучувајќи ги и оние кои ќе сакаат да останат во Руската православна црква – рече Порошенко.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...