Украина се повлекува од натпреварот за песна на Евровизија

257

Украинската државна телевизија објави дека Украина  се повлекува од натпреварот за песна на Евровизијата , откако победничката на националниот натпревар одбила да ја откаже турнејата низ Русија.

Украина требаше да ја преставува пејачката Хана Корсун , позната под уметничкото име Марув.

Уште тројца натпреварувачи на националниот избор , кои според бодовите биле зад Марув, одбиле да потпишат договор со телевизијата дека нема да настапуваат во Русија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...