Украина не прифаќа транзит на руски гас

Руската нафтена компанија „Гаспром“ вчера соопшти дека испратила официјално писмо до Украина во кое се предлага да се продолжи сегашниот договор или да се потпише нов едногодишен, како и да се отфрлат правните побарувања и контра-тужбите од Русија и од Украина како предуслов за договорот

136

Понудата на Русија да го продолжи актуелниот или да склучи нов едногодишен договор за транзит на гас преку Украина е неприфатлива, изјави украинскиот министер за енергетика Алексеј Орозел.

– Примениот предлог е неприфатлив за Украина, со оглед на фактот дека треба да се откаже од арбитражата и да го потпише договорот само за една година – рече тој за Украинската телевизија.

Руската нафтена компанија „Гаспром“ вчера соопшти дека испратила официјално писмо до Украина во кое се предлага да се продолжи сегашниот договор или да се потпише нов едногодишен, како и да се отфрлат правните побарувања и контра-тужбите од Русија и од Украина како предуслов за договорот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...