Украина и Русија договорија размена на затвореници во која очекуваат дека ќе се разменат вкупно 277 лица заробени во судирот на истокот од Украина, изјави денеска украинскиот претставник Роман Безсмертни.
Тој кажа дека Киев очекува да размени 208 руски државјани кои отслужуваат затворска казна во Украина за 69 Украинци во руските затвори, пренесоа британските медиуми.
– Најважно е дека е постигнат договор за почеток на процедурата за размена на воени затвореници, илегално задржани и осудени лица во сооднос 208 за 69 – рече Безсмертни.
Безсмертни не кажа кога точно ќе се изведе оваа договорена размена, но наведе дека подготвителните процедури може да почнат за неколку месеци.
ФОТО: EPA EFE / SERGEY VAGANOV