Украина упати апел до Федералното истражно биро (ФБИ) за помош при истражувањето на наводниот кибер напад на руски воени хакери врз енергетската компанија „Бурисма Холдингс“, изјави денеска претставникот на украинското Министерство за внатрешни работи, Артиом Мињаило.
– Забележано е дека хакерскиот напад веројатно се случил во соработка со руските специјални служби – истакна Мињаило.
„Бурисма Холдингс“ беше во центарот на вниманието при обидот на американскиот претседател Доналд Трамп минатата година во јули да побара од украинските власти да покренат истрага против Хантер Бајден, синот на Џо Бајден, кој во таа компанија имал висока позиција.