Личните податоци на речиси илјада лица од Северна Корејка кои пребегнале во Јужна Кореја, беа цел на хакерски напад, соопштија денеска локалните власти. Во кибер нападот, хакирана е базата на податоци на Агенцијата за преселување.
Јужнокорејското Министерство за обединување соопшти дека минатата недела открило оти се хакирани имињата, датумите на раѓање и адресите на 997 Севернокорејци кои се населиле во Јужна Кореја. За случајот информирани се и лицата чии податоци биле хакирани. Хакерскиот напад се случил во ноември.
Околу 30 илјади Севернокорејци пребегнале во Јужна Кореја, главно преку Кина, од крајот на Корејската војна во 1953 година.