Сликата за која се верува дека е „Tete d Arlequin“ на Пабло Пикасо украдена во 2012 година од ротердамски музеј осамна во Романија, изјавил обвинител.
Во една од најдраматичните кражби, арамиите украле седум слики вредни милиони евра – Пикасо, Матис, Моне и други.
Иако романските крадци и нивните соработници се прогласени за виновни за кражбата во 2013 година, ниту едно уметничко дело не е откриено и романските експерти веруваат дека најмалку три од нив се изгорени во обидот да се уништат доказите.
– Обвинителите во битката против организираниот криминал ги истражуваат околностите под кои сликата која ја потпишал Пикасо, вредна 800.000 долари, е пронајдена во саботата во реонот Тулцеа – изјавија и додадоа дека сликата е автентична.
Тие соопштија дека двајца холандски граѓани стасале во холандската амбасада во Букурешт носејќи ја сликата и рекле дека ја нашле во југоисточниот романски реон.
Снимката на безбедносната камера објавена за време на кражбата покажува банда која влегува преку задната врата на музејот и исчезнала од видикот.
Неколку секунди подоцна повторно се појавиле носејќи огромни предмети.