„Србија воз” го укина возот на меѓународната железничката линија Белград-Скопје-Солун.
Возот, според соопштеното, е укинат поради економска неисплатливост и е планирано тој да сообраќа сезонски во летните месеци од 15 јуни до 15 септември.
Одлуката „Србија воз“ ја донел во согласност со грчката железница „Тренос”, а Македонска железница е само информирана бидејќи возот низ земјава само транзитира.
Неодамна министерот за транспорт и врски Горан Сугарески изјави дека се прават напори возот да не се укинува, кои веројатно не успеале.
Мекедонска железница, пак, соопшти дека преговара со железничките претпријатија на двете земји за воспоставување посебни линии.