Малку денови нѐ делат од најгoлемиот христијански празник Божиќ. И додека нашите мали ангелчиња однапред им се радуваат на колачињата и тортите, и на целата волшебна атмосфера, празничните подготовки веќе се во тек во многу домови.
Врвните мајстори на слатки од Marfi Cake&bakery неуморно работат за подготвено да ги пречекаме празничните денови. И оваа година, и старите и младите, ќе бидат подеднакво разгалени со нешто за нивниот вкус. Со голема почит кон традицијата, Marfi Cake&bakery повторно ни носи неодоливи вкусови за да го докаже совршенството во изработката на нивните прочуени еклери, „макаронси“, торти и други најразлични колачиња.
Од дамнешни времиња, човекот сакал да верува во небесните легенди и задоволства. Без разлика дали е тоа Свети Никола или Дедо Мраз, секој од нас ужива да нурне во своите најнежни спомени од детството и барем за миг, повторно да стане детенце. Затоа, кога одбирате подарок за вашите пријатели, роднини или секако, сакани, блиски луѓе, без разлика на нивната возраст, забележете ги токму слатките први на листата на изненадувања. Што велите, на пример, за пакување од десеттина „макаронс“? Десеттпати поголемо задоволство! Или пак, што велите на тоа да ја разубавите божиќната трпеза со превкусна торта? Инаку, квалитетните домашни торти на „Марфи“ може да ги најдете и во „Супер Тинекс“ по одлични цени.
Нурнати во фантастичните вкусови на „макаронсите“ кои се топат в уста, дегустираме и одбираме меѓу кајсија, јагода, ванила, карамел, вишна, кокос, кафе, банана, портокал, чоколадо… Одбираме меѓу купот шаренило од весели бои! И искрено, загубени сме во изборот, зашто едноставно, ги сакаме сите. Се прашуваме, што ги прави овие колаченца најдобри во Македонија?
– Од 1992 година Marfi Cake&bakery ја дели својата љубов и страст за вкусни слатки креации со своите бројни обожаватели. Тајната на успехот е во посветената работа, постојаното изнаоѓање на нови вкусови и текстури, инсистирањето на врвни производи изработени од внимателно одбрани состојки, вклучувајќи и торти, и лојалност кон клиентите – ни откриваат од Marfi Cake&bakery.
А, кога веќе сте таму, во центарот на Скопје, не заборавајте да пробате од еклерот! Нема подобар во Македонија.
Marfi Cake&bakery веќе ви посакува среќен Божиќ.
Marfi Cake&bakery Млечен ресторан 023 101 200
(промотивен текст)