Ужас на Хаваите: Отров и стакло во воздухот од вулканот (ВИДЕО)

Локалните власти предупредија дека вулканската лава која влегува во океанот претставува опасност за белите дробови, кожата и очите.

614

Вулканот Килауеа на Хаваите станува се поопасен, откако реки течна лава се слеаја во водите на Тихиот Океан, а растопените камења продолжуваат да нанесуваат штета на Големиот Остров.

Локалните власти предупредија дека вулканската лава која влегува во океанот претставува опасност за белите дробови, кожата и очите. Тоа се случува поради тоа што при влегувањето на лавата во морската вода се ослободува хлороводородна киселина и пареа полна со фини честички стакло.

Килауеа веќе две недели ослободува опасни гасови во околината на вулканот, а текот на лавата уништи многу домови и го принуди локалното население на евакуација.

Научниците појаснија дека во саботата дошло до спојување на нова и повеќедецениска стара вулканска магма, што создало пожешка и потечна лава, која во широк тек се движи со брзина од околу 300 метри на час.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...