Угостителските во јули нуделе поскапа храна и алкохол

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите „храна“ за 1,9 отсто и „алкохолни пијалаци“ за 1,7 отсто, додека намалување е забележано во групите „безалкохолни пијалаци“ за 0,1 отсто и „ноќевања“ за 0,2 отсто.

50

Цените на угостителските услуги во јули 2018 година, во споредба со претходниот месец е зголемен за 1,2 отсто, објави Државникот завод за статистика.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите „храна“ за 1,9 отсто и „алкохолни пијалаци“ за 1,7 отсто, додека намалување е забележано во групите „безалкохолни пијалаци“ за 0,1 отсто и „ноќевања“ за 0,2 отсто.

Цените на угостителските услуги во јули 2018 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 2,8 отсто.

Кумулативно цените на угостителските услуги за периодот јануари – јули 2018 година, во однос на истиот период од минатата година, се зголемени за 1,8 отсто, додека во однос на декември 2017 година се зголемени за 1,2 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...