Угостителите ги поскапеле услугите за три отсто

Во октомври однос на септември угостителските услуги се на исто ниво.

95

Цените на угостителските услуги во октомври годинава во споредба со септември се на исто ниво, но во однос на октомври лани се зголемени за три отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – октомври 2018 година, во однос на истиот период минатата година е зголемен за 2,1 процент, додека во однос на декември 2017 година е зголемен за 1,7 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...