Угина китот од Темза ВИДЕО

432

Британските медиуми пред три дена известија дека во реката Темза бил виден грбав кит и го нарекоа „Хеси”, но вчера телото на китот е извлечено откако угинал, најверојатно од судар со брод.

Грбавиот кит, кој беше пронајден мртов во Темза во источниот дел од Лондон, најверојатно го удрил брод, соопштија денес научниците кои ја спровеле обдукцијата.

Станува збор за женка долга осум метри која била забележана во понеделникот како плива низ Темза за денеска да биде најдено нејзиното безживотно тело во плитките води под главниот мост во Гринхит, Кент.

Научниците од Зоолошкото лондонско друштво за истражување китови (CSIP), кои спроведоа темелна обдукција, рекоа дека пронашле голема рана на долната страна на главата.

– Тимот смета дека повредата здобиена од судар со брод се смета за примарна причина за смрт – рече Роб Девил, менаџер на проекти ЦСИП.

– Најверојатно, китот беше удрен пред да вплови во Темза и кога бил забележан како плива во реката, тој веќе имал повреди – додаде Девил.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...